Петар Печков
Објавено: понеделник, 28 септември 2015
Се подготвува преселба на двата факултети кои имаат дисепрзирана наства во Велес, во нови простории, дознава ТРМР. На почетокот на наставата на дисепрзираните студии од Факултетите за туризам и за информатика кои работат во Велес, во средината на септември на студенти им беше навестено дека е можно наставата да ја следат во нови простории.
Не повеќе во досегашните, сместени во некогашното ОУ Јордан Хаџи Константинов Џинот, туку во поранешниот хотел Вила Зора, каде сега се просториите на Техничко -технолошкиот факултет со седиште во Велес.
Тоа се простории кои се дадени на користење на факултет, кој работи во рамките на Универзитетот Св. Климент Охридски, во чии рамки сите работиме. Очекувам дека ќе биде договорено и наставата од октомври ќе се довива таму. Така ќе бидат решени повеќе проблеми кои се јавуваат во наставата за студентите - изјави еден од деканите на факултетите кои имаат диспензирана настава во Велес.
Во прва година на овие два факултети има 60-тина бруцоши. Дисперезираната настава на Факултетот за туризам неколку години беше во мирување додека на Факултетот за информатичка и комуникациска технологија лани запиша стотина студенти.
Tweet |